| четврток, 6 декември 2018 |

„Сивус“ отвори канцеларија во Цирих

Seavus-LogoЗголемување на меѓународната присутност на најголемата ИТ компанија во Македонија и регионот продолжува во 2013 година со уште поамбициозна динамика. Имено, следејќи ја својата стратегија за глобална експанзија, „Сивус“ во фебруари 2013 година отвори нова канцеларија во Цирих, Швајцарија. Во согласност со развојните планови, канцеларијата во Цирих се планира да порасне до 10 вработени со врвна стручна експертиза од областа – велат од „Сивус“.

Оваа македонска компанија, која е основана пред 13 години, веќе подолго време е сериозна конкуренција на многу светски брендови од ИТ индустријата, а со тоа „Сивус“ веќе ужива висока меѓународна репутација како кај највискорангираните светски клиенти, така и кај конкуренцијата од Европа и од САД.

Менаџментот на компанијата открива дека до крајот на оваа година ќе се отворат уште две канцеларии во Европа, во согласност со зацртаните развојни планови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top