Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид на делот меѓу Пресека – село Врбјани од 13 до 15 часот денеска ќе има прекин на соообраќајо во интервали од 15 до 20 минути, најави „Автомото сојузот на Македонија“.
Од „Манифактура продукција“ информираат дека автопатот А1 кај делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот денеска ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на филмот „А фонд“. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, информира „Манифактура продукција“.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.