| четврток, 6 декември 2018 |

УНХЦР: Од Македонија се бараат шест прифатни центри за 30.000 бегалци!

Migrants in FYROMШефот на мисијата на УНХЦР, во Македонија, Мохамед Ариф, за Алфа открива дека Гевгелија, Струмица, Неготино, Петровец – Катланово, кумановско Черкези и Табановце се предлог локациите каде треба да има цврсти градби на центри за згрижување на 6.000 семејства или 30.000 бегалци, на подолг период.

Оваа информација до која дојде Алфа, веќе била предложена на Македонија од страна на меѓународниот фактор, како вонреден план за справување со бегалската криза. – Ние во УНХЦР изготвуваме план за нас за тоа како ние можеме да одговориме на предизвикот доколку има зголемен прилив на луѓе, од аспект на производи на непрехрамбени и прехрамбени поризводи. Се обидуваме од наша страна, но истовремено соработуваме со Владата и бараме од Владата да реализира план како да реагираме заеднички при непредвидливи ситуации, да одговориме на тој предизвик – вели Мохамед Ариф шеф на мисијата на УНХЦР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top