Лидерот на екстремистичката група СДС, Црпко ал Бомбаши ибн Заеви, денес се заколна на верност на Исламската држава. Во промотивното видео кое денес го пуштија на социјалните мрежи тој ја превзеде одговорноста за заканите за влечење на новинари по булеварот Партизанска во Скопје.
Тој заедно со своите следбеници се закани дека ќе делува се додека не се постигне конечната цел да се создаде Муртинистан во рамки на Калифатот.
Црпко ал Бомбаши ибн Заеви изјави дека ќе ги применува методите за третман на неистомисленици на Исламската држава до постигнување на неговата исконска цел и воспоставување на вредностите на неговата Група СДС во цел Муртинистан.
Со соопштение се јави и лично лидерот на ИСИС ал Багдади, кој е единствен странец кој досега не го демантирал Заеви. Тој со задоволство ја прифатил понудата на Црпко ал Бомбаши и во знак на благодарност Исламската држава своето меѓународно име од ИСИС ќе го промени во ИСДС.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст