Откако Мики Црнокрак за „Република“ изјави дека лиценцата за Мис гранд интернешнл, каде годинава Македонија ја претставуваше Дунавка Трифуновска, до лани била во рацете на модното студио „Црнокрак“ и дека не е јасно како таа стигнала да ја претставува Македонија на 34 години на избор за девојки до 25 години, Дунавка возврати. Ви го пренесуваме во целост нејзиниот став, онака како што е напишан на нејзиниот фејсбук профил:
Драг Црнокрак, ако мината година ја навредуваше Лидија Велковска, бидејќи ја има лиценцата за Мис на светот, а не ти, а оваа година зошто јас ја имам лиценцата за национален директор за Мис Гранд Интернационал, а не ти, јавно ти кажувам дека јас не потклекнувам на никакви навреди, притисоци и невистини од твоја страна. Потребата за навредување на твојата жена и сите останати жени кој не ти „служат“ меѓу кој и Гордана Јанкуловска некогаш на тебе и на Игор Џамбазов, и на сите останати мажи и жени не ме засега не ви донесе ништо добро.Тоа зборува за Вас.
Светот знае за тебе, бидејки 2013 година ти си ја имал лиценцата за Мис Гранд Интернационал и си ја изгубил.
Оваа година лиценцата за Мис на светот Лидија Велковска ја даде на Роберт Граматиков.
Минатата година Википедија објави статистика дека Надица Димова не ги исполнува критериумите за Мис на светот како што ти кажав.
Твоите лаги и криминал и проституција не ги бледеат нашите успеси.
Ти можеш само да играш во група Ц во моментов.Таму спаѓаат Miss Globe и Miss Queen на кој настапија твоите девојки.
А ние во група А.Така одлучи светот. Знам дека не ти се допаѓа. Светот гласа против тебе. Не лути се човече.
Не можеш Ти со Нас.
И подобри сме од тебе во моментов.
Ние сме змејови за ТЕБЕ.
А директорка на Мис Гранд Интернацинал и Мис на светот се жени.
Жал ми е, не си нас избор.
Ние имаме мажи кои жената ја гледаат и чувават како божество.
Ти не си тоа.
Ти и твоите приврзаници ја навредувате жената.
Роберт Граматиков џентлемски го одигра изборот за Мис на светот оваа година. Секоја чест.
И пак џабе ти е се, бидејќи приказната е завршена. Одамна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.