На социјалната мрежа Фејсбук секојдневно се појавуваат најразлични квизови од типот колку години имате, а за колку изгледате, кој е вашиот холивудски двојник, како ќе изгледа вашиот живот за 10 години…
Еден од нив реши да направи и некогашната водителка Хелена Роза која со нејзиното долгогодишно момче Игор замина да живее во Нов Зеланд и доби урнебесно решение кое го сподели со пријателите на социјалната мрежа.
Хелена направи квиз за тоа како би изгледала да се родела како спротивен пол и го доби едниот од браќа близнаци од бендот „Некст тајм“, поточно како Стефан.
-Хихихи, како Мартин или Стефан од „Некс тајм“ – коментираше Роза до споделеното решение од овој тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.