Претседателот на Русија Владимир Путин нареди истрага во врска со обвинувањата за системски допинг на атлетичарите од неговата земја.
Светската антидопинг агенција (ВАДА) побара суспензија за руските атлетичари поради евентуалниот организиран допинг.
– Борбата мора да биде отворена, спортот е интересен само ако е чесен. Некој мора да преземе одговорност за ова. Важно е да спроведеме и сопствена внатрешна истрага, и нагласувам ќе овозможиме професионална соработка со интернационалните антидопинг тела – рече Путин.
Меѓународната атлетска федерација истакна дека ќе го разгледа барањето на ВАДА за суспензија на Русија од Олимписките игри во 2016 година, а претседателот на организацијата, Себастијан Коу побара и дополнително објаснување од Русите.
Русите, пак, истакнаа дека доколку биде неопходно ќе се обратат и до Судот за арбитража во спортот во Лозана, како би ја докажале сопствената невиност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.