Шведска од денеска воведе 10-дневна контрола на границите поради миграциската криза.
Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман вчера најави дека Владата ќе воведе времена гранична контрола, со цел да се справи со приливот на мигранти.
– Врз основа на информациите добиени од полицијата, Агенцијата за цивилни трошоци и Агенцијата за миграција, проценивме дека треба да воведеме времени гранични контроли – истакна Игеман.
Шефот на шведската гранична полиција Патрик Енгстром нагласи дека полицијаците нема секого да проверуваат, туку контролите ќе се вршат произволно.
Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека времената гранична контрола во Шведска е неопхопдна, за да се контролира миграцискиот прилив.
– Земјата се придржува кон правилата, утврдени во Европа – објасни Ловен.
Шведска пред неколку дена соопшти дека миграциските власти се преоптоварени и се очекува оваа година во земјата да пристигнат 190.000 баратели на азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.