Иако припадничките на понежниот пол важат за верни гледачи на шпанските серии, поради оваа мексиканска актерка, редовни пред малите екрани сигурно се и мажите. Станува збор за Нинел Конде, триесет и шестгодишна мексиканска актерка и пејачка. Во својата досегашна кариера таа има остварено бројни соработки со телевизиски куќи, меѓу кои се и најпознатите во САД. Таа има остварено своја улога во бројни серии, меѓу кои најзабележани се нејзините ликови во „Rebelde“, „Fuego En La Sangre“ и „Mar De Amor“.
Нејзиниот талент бил признаен и пред неколку години кога Нинел Конде била номинирана за латиноамериканските награди „Греми“. Со оглед на тоа што станува збор за неодоливо сексапилна жена, не е чудно тоа што таа важи за една од најубавите актерки во Мексико и токму затоа е често лице кое ги краси страниците на славните магазини.
Според нејзините зборови, за нејзиниот беспрекорен изглед е „виновно“ спортувањето, односно напорните тренинзи и пливањето. Мексиканската секс бомба е и повеќе од доволна причина за и мажите да ја почувствуваат „магијата на сапуниците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.