Бројот на туристи во Македонија во септември годинава бил 79.218, а бројот на ноќевањата 184.262 што, според Државниот завод за статистика, е зголемување за 20 отсто кај туристите и 17,7 проценти кај ноќевањата во однос на септември лани.
Бројот на домашните туристи е зголемен за 11,5 отсто, а на странските за 22,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 3,8, а на странските за 24.3 проценти.
Во периодот јануари септември 2015, бројот на туристите е зголемен за 11,2 отсто во споредба со првите девет месеци минатата година, кај домашните за 5,6, а кај странските за 15,4. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,1 отсто, кај домашните туристи за 6,2, а кај странските за 13,4 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод



