Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението на МАН
И во последниот извештај на Европската комисија за Македонија видна е лошата информираност за состојбите во медиумите, особено за вршењето притисоци, закани и напади врз новинари и медиуми.
Спротивно на поглавјето од Извештајот за медиуми каде претставници на ЕУ за Македонија информираат дека притисоци се вршеле врз двајца новинари блиски до опозицијата, јасно е дека во Македонија најмногу притисоци преку тужби, физички напади, јавни закани и попречување во професионалната работа вршат СДСМ и активисти на Сорос и нивни ограноци.
Охрабрени од овој тенденциозен и заштитнички став од Европската унија кон нив активистите на СДСМ и фондацијата Сорос овие денови презема нови форми на притисоци.
Џабир Дерала и неговата невладина Цивил поднесоа тужба против новинари од телевизија Сител за информации кои се темелат на официјални податоци.
Активисти на СДСМ објавуваа фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се закануваат со физичко насилство врз новинари од порталот.
Поради нивниот заштитнички и тенденциозен однос, канцеларијата на ЕУ и на ОБСЕ во Македонија ги сметаме за соучесници и покровители на притисоците, насилството, заканите и попречувањето во професоналното работење на новинари од страна на СДСМ и Сорос и нивните ограноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.