| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен идентитетот на помладата ќерка на Путин (фото)

Идентитетот на ќерките на рускиот претседател Владимир Путин со години се чува во тајност, иако медиумите на сите можни начини се обидуваат да дознаат кои се тие. Сепак, како пишуваат светските медиуми конечно е откриено кој е помладата ќерка на Путин.

Russian President Putin speaks at a news conference after an EU-Russia Summit in Brussels

Имено, таа се вика Катарина Владимировна (29) и  користи лажно презиме Тихонова, тврди Ројтерс. Исто така, агенцијата наведува дека нејзиниот идентитет го открила за време на разговор со Андреј Акимов  заменикот директор  на Гаспромбанка, кој тоа им го пренесе на медиумите.

'erka putin

Според наводите, Катарина многу личи на нејзината мајка Људмила, од која Путин се разведе во 2014 година. Девојката, наводно, работи на Московскиот универзитет како заменичка на проректорот и води проект со име „Инопрактика“ кој има за цел да им помага на младите научници.

ќерка 3

-Знам дека е ќерката на Путин, ја познавам од мали нозе. Без оглед на нејзините семејни врски, решивме да го подржиме проектите на Универзитетот во Москава – кажал Акимов за Ројтерс.

ќерка6

Според наводите на Ројтерс, Катарина дипломирала оријенталистика, а по тоа продолжила постдипломски  студии на универзитетот во кој работи. Мажена е за богат руски банкар, Кирил Шамалов (33)  чиј татко е долгогодишен пријател на Путин. Тој е е еден од главните акционери на Банката на Русија, а има акции и во бројни гасни компании. Тој и Катарина заеднички имаат имот вреден од околу две милијарди долари, која вклучува и бројни недвижности во Русија и странство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top