| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон поради сообраќајка во Монако, доцни на подготовките за ГН на Бразил

Старо-новиот шампион во Формула 1 возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон кој често ги информира своите фанови на социјалните мрежи за своите следни чекори, беше тивок во последните неколку дена.
Иако првичните информации велеа дека светскиот шампион има грип, тој самиот призна дека дополнителна причина за неговото доцнење била сообраќајната незгода што ја имал на улиците во Монако на почетокот од оваа седмица.

– Драги фанови, сакамо сакав да објаснам зошто бев толку тивок на социјалните мрежи во последните денови. Не се чувствував добро поради треска, но исто така имав и сообраќајна незгода во Монако во понеделникот. Иако на крајот тоа не е ничија работа, знам дека постојат луѓе што ќе сакаат да ја искористат ситуацијата за да заработат брзи пари. Немам проблем со тоа, но сакав однапред да ја објаснам целата ситуација, никој не беше повреден, што е најважно, но автомобилот што го возев е оштетен. По консултациите со мојот тим и со докторот, решивме да пристигнам во Бразил еден ден подоцна од планираното, но мојот настап на последната трка од шампионатот воопшто не е доведен во прашање – открива Луис Хамилтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top