Автор и иницијатор на овој значаен културен проект е Даниел Божиновски, помогнат од неговите соработници Љубица Саревска и Vasco Rodrigues Lopes од Португалија.
Издавач на македонско-португалскиот разговорник е Јофи-скен, а истиот е испечатен во 1000 примероци.
Содржи повеќе од 4000 зборови и околу 600 реченици, групирани во 16 тематски ситуации со кои што најчесто се сретнуваме за време на патување или престој во странска земја, сместени на 270 страници. Некои зборови се наведени неколку пати, бидејќи во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат нивното значење се менува. Разговорникот вклучува и дијалози за што полесно разбирање и користење на зборовите во одреден контекст, а за да се разјасни начинот на изговор, покрај секој збор е внесено и фонетско толкување.
Покрај комуникациските содржини и интеракции, овој разговорник содржи и корисни информации за Португалија, нејзината култура и обичаи.
“Навистина сум горд што после долг период и напорна работа можеме и официјално да го промовираме првиот македонско-португалски разговорник. Станува збор за културен проект кој го работевме со голема љубов неколку години, и кој се надевам ќе претставува стабилен и цврст мост на соработка и доближување на македонската и португалската култура. Наменет е за сите оние кои патуваат или престојуваат во земја каде што се зборува португалскиот јазик, како и за оние кои сакаат да го изучуваат. Разговорникот треба да ја олесни комуникацијата на луѓето кои не го говорот португалскиот јазик, и да ја разгори љубопитноста за подлабоко негово изучување. Јазикот е жива материја, еволуира, се менува, поради што очекувам речникот во иднина да се дополнува и надградува, да вклучи нови соработници, и да придонесе кон трајно македонско- португалско пријателство”, изјави авторот Даниел Божиновски.
Португалскиот јазик припаѓа на романската група на јазици, а потекнува од латинскиот јазик. Денес, како мајчин јазик се зборува од повеќе од 200 милиони луќе во светот и од уште многумина како втор јазик. Официјален јазик е во Португалија, Бразил, Ангола, Мозамбик, Зеленортските острови, Источен Тимор, Гвинеја Бисао и Екваторијална Гвинеја, а се говори и во некои поранешни португалски територии како Гоа или Макао, со што тој со право се смета за еден од нај зборуваните јазици во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст