| четврток, 6 декември 2018 |

„Пролетен“ викенд во ноември

Можна е сосема мала облачност во сабота.

Во деновите од викендот, иако се очекува пад на темпераурата во однос на претходните денови, сепак ќе биде релативно топло. Сабоното утро ќе биде малку потопло во однос на неделно. Минималните температури низ котлините ќе имаат вредност во границите од 5°С до 10°С во сабота и од 3°С до 8°С во недела, објави Метеопро.мк.

Сабота ќе биде посвежа од петок, со максимална вредност на температурата помеѓу 15°С и 19°С во поголем дел од низините низ земјата, а во Гевгелиско – Дојранскиот крај околу 21°С. Недела ќе биде посвежа и во однос на дневната температура. Во однос на саботните вредности на максималната температура недела ќе биде посвежа за околу 2°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top