Европската унија со константен притисок се обидува да ја присили Владата и претседателот Ѓорге Иванов да го сменат ставот и да се согласат на прифаќање на околу 20 илјади емигранти во кампови во нашата држава, пишува „Вечер“.
Овој притисок е особенот интензивен во последните неколку дена, и покрај јасните ставови што претседателот Иванов ги соопшти на мини-самиот во Брисел посветен на бегалската криза дека Македонија нема намера да прими бегалци и емигранти на подолг временски период и дека капацитетите на транзитните центри се за две илјади лица кои ќе можат да се задржат до 72 часа.
Од канцеларијата на ЕУ не добивме одговор околу овој план на лидерите на Унијата и зошто се присилува нашата држава повторно да прима бегалци и емигранти.
За отварањето на центри на наша територија во кои, барем во текот на зимата, би останале бегалци и емигранти извесетн бил и државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, која учествува на дневните и неделните состаноци за размена на информации околу бегалската криза со колегите од Балканот и ЕУ.
Според нашите извори, УНХЦР веќе има израборено план, кој е претставен на нашите власти, но во него не е прецизирана бројката на лица што треба да бидат прифатени и здржани. Сепак, според димензиите на кампот што се бара од УНХЦР, сигурно станува збор за бројка поголема од 10 илјади бегалци и емигранти.Официјално нема потврда ниту од Министерството за труд и социјална политика ниту, пак, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека овој план е доставен кај нив.
Дека не станува збор за шпекулации и невистини потврдува и фактот што претставникот на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, која преку порака на социјалната мрежа „Твитер“ пренесе дека на донаторската средба за бегалците во Секторот за европски прашања на која присуствувал вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, претстваниците на ЕУ порачале дека треба да се подготвиме да примими бегалци на подолг период.
Според нашите извори, клучен проблем е што во нашата држава би останале мигранти а не бегалци, односно претежно државјани на Авганистан, кои се непоожелни во ЕУ бидејќи бегалците би го продлжиле патот на север. Со Авганистан ниту македонија нитубило кој држава од Унијата нема договор за реадмисија што значи дека нема правна можност тие да бидат вратени во матичната држава.
На ова мора да се додаде и фактот што регитрацијата на бегалците и мигрантите речиси воопшто не функционира, особено во Грција, каде мисијата на ФРОНТЕКС и тамошните власти се далеку под нивото на задачата. Затоа и не се знае кој се патува со илјадниците луѓе. Претседателот Иванов побара поставување на мисијата на ФРОНТЕКС и на македонско грчката граница но на тоа остѕро се спротиства грчката делгација и самите претставници на ФРОНТЕКС кои се повикуваа на правни пречки.
Досега на Македонија не ѝ исплатен ниту цент од ветената парична помош од дваесетина милиони евра за справување со бегалската криза а тоа се должи на фактот што помошта ја блокира ЕУ комесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.
Месечно, бегалската криза, нашата држава ја чини над еден и пол милиони евра.
Од средината на јуни па до сега низ нашата држава транизитирале околу 250 илјади бегалци и емигранти но ова бројка е многу под реалната, која е најмалку двапати поголема поради немањето капацитети за регистрација на секој човек.
Завчера нашите власти успеаа да организираат транспорт на рекордни 14 илјади бегалци и емигранти од Богородица кон Табановце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти