Таа е единствената што успеа да го врати на театарската сцена, макар за една претстава. Некогаш подналутени, но секогаш пријатели, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов подготвуваат дуодрама, која ќе ја раскаже нивната заедничка приказна. За да исполни кругот совршена, цврста линија, режијата е во рацете на Тони Михајловски.
Во интервју за новиот број на неделникот „Република“, Петрушевска вели дека идејата за нивниот иден проект е заемната љубов, простувањето и почитта.
– Тоа што му се случи здравствено многу ме погоди затоа што на гнаси кои заслужуваат ништо не им е, но на убави луѓе е како несреќна лотарија. Тогаш ти е јасно дека само неколкумина сме си важни во нашите животи. Не сме само за еден ден, за цел живот сме… Првиот ден кога отидов да го видам, убаво се изнаплакав на паркингот пред „Филип Втори“, кај Жан Митрев. Се сеќавам, му се јавив на Трендафил, Аце, да прашам, па отидов и дремев на паркингот. Во тие моменти се храбрите себеси дека сè ќе биде во ред, а всушност се плашиш од загуба. Се качив горе и го видов, се воздржував, се смеев, а Игор ме тешеше, каква иронија, нели? Следниот пат на барање на Игор дојде и Мина и сè беше полесно, таа му даваше совети за здрав живот – открива Петрушевска.
Целото интервју со Весна Петрушевска и Тони Михајловски за „Република“ ќе може да го прочитате уште утре, кога во продажба ќе биде пуштен новиот 167. број на неделникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.