| четврток, 6 декември 2018 |

Бранот бегалци нема да запре во текот на зимата

бран

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави денеска во интервју за виенски „Пресе“, дека бранот бегалци нема да запре во текот на зимата и најави дека неговата земја во иднина ќе ги враќа имигрантите, и оти нема да прифаќа бегалци кои евентуално во Словенија би ги протерувала Германија.

– Не се работи за никаква ограда, туку за техничка бариера, која треба да овозможи полесна контрола на бегалскиот бран, како и регистрација. Во минатото Хрватска целосно неконтролирано испраќаше групи бегалци во Словенија – појасни Ерјавец.

Тој изрази жалење што не било возможно од Хрватска, се до самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, да се добиваат информации за бегалците.

Според него, Хрватска досега се придржува до договорот и соопштува кога групите бегалци доаѓаат на границата.

На констатацијата дека тогаш не се потребни бариери, Ерјавец рече дека бранот бегалци уште долго ќе потрае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top