| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) Со што ги освои Зијадин Села албанските гласови во Струга

zijadin-sela-plakat-struga„Гласајте масовно за да го бетонираме фактот дека Струга е албанска“, ова е главната порака на кандидатот за градоначалник за Струга од редовите на ДПА, кој беше поддржан од ДУИ и од другите албански партии. Села во Струга не зборуваше ниту за проекти ниту за стандард на граѓаните. За разлика од кандидатите во Тетово, каде што и Теута Арифи и Сади Беџети зборуваа дека ќе бидат градоначалници на сите граѓани, во Струга само Кочовски ветуваше добро за сите граѓани.

На предизборните плакати што се делеле и на денот на гласањето во Струга, Села бара Албанците во Струга да го потврдат фактот дека Струга е албанска.

Села стана популарен меѓу Албанците по изјавата во Собранието дека ако треба ќе го запали парламентот за да се спречи донесување  закон за бранителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top