| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, тројца повредени во тешка сообраќајка кај Македонски Брод

Вчера околу 16,00 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Самоков автомобил „лада рива“ со прилепски регистерски ознаки управувано од Драгомир С.(73) од с.Ропотово се судри со „тојота“ со кичевски регистерски ознаки, сопственост на Здравствен Дом-Македонски Брод, а управувано од В.Џ.(54).

Во незгодата од здобиените повреди на местото на настанот починал Драгомир С. додека со телесни повреди се здобиле возачот В.Џ. и двете сопатнички С.С.(54) и Б.Ј.(36).

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top