
Сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, загинал возејќи со брзина од 160 километри на час, а во несреќата не учествувало друго возило, но ова не е дефинитивната причина за сообраќајната несреќа, изјавија денеска од Основниот суд – Скопје.
Истражниот судија Владимир Туфекџиќ кажа дека материјалите од истрагата се предадени на обвинителството, кое треба да реши дали ќе покрене истрага.
Според Туфекџиќ, во моментот на несреќата Младенов држел цигара во раката. Во неговото тело не се најдени траги од алкохол и некоја друга сусптанција која можела да влијае врз трагедијата.
Не биле најдени траги од сопирање. Оние траги што ги фотографираа медиумите, биле од други две сообраќајни несреќи кои се случиле во 2012 и во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


