| четврток, 6 декември 2018 |

СИРИЗА повикува на протести против себе

siriza-zove-na-protesti-sreshtu-sebe-si-337564

Владејачката левичарска коалиција СИРИЗА во Грција, ги повика граѓаните да излезат на протест против спроведуваната политика на ограничувања од кабинетот предводен од Алексис Ципрас.
– Утре сите да ја прекинат работата во текот на денот и да одат на митинзи, пишува во апелот на одделот за трудова политика на една од двете политички партии вклучени во владата.
Ние треба да држиме до пристојна плата за нашиот труд и да кажеме „не“ на неолиберална политика. Ние инсистираме на враќање на колективните договори, како и на зачувување на нашите права на достапно образование и здравство, пишува во апелот, објавен еден ден пред најавениот 24-часовен генерален штрајк.
Вториот кабинет на Ципрас, подржан од националистите Независни Грци, се согласи со меѓународните кредитори за трет пакет финансиска помош.
Атина треба да ги ограничи уште трошоците во буџетот и да ги зголеми даноците. Реформите треба да ѝ донесат на земјата 86 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top