Кандидатката на демократите на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, рече дека не е подготвена да поддржи официјално прогласување војна против Исламската држава, иако смета дека САД треба поинтензивно да се бори против таа група.
За прогласување на војна потребно е да се познаваат разположливите извори и цели. Ако прогласите војна, тогаш подобро би било да имате буџет што ќе го поддржи тоа, рекла Клинтон.
Таа сепак смета дека САД требало подобро да ја проценат опасноста која ја претставуваат исламските џихадисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.