Бегалската криза и можното излегување на Велика Британија од унијата се закана за единството на ЕУ и нејзината пазарна економија, оцени Морис Обстфелд, новиот шеф на економското одделение на ММФ.
– Исклучително ме загрижува трендот во Европа за единствен пазар, вели тој.
Обстфелд, кој е поранешен советник за економија на американскиот претседател Барак Обама, како пример ја наведува желбата на Британија евентуално да ја напушти ЕУ.
Бритаскиот премиер кој вети дека до 2017 година ќе организира референдум за членството во ЕУ, вчера се закани дека ќе излезе од ЕУ ако унијата не спроведе одредени реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.