| четврток, 6 декември 2018 |

Сликата „Лежечкиот акт“ на Модиљани е продадена за 170,4 милиони долари

Сликата „Лежечкиот акт“ на Амадео Модиљани е продадена на аукција во „Кристи“ за 170,4 милиони долари со што стана второ најскапо продадено уметнично дело на аукција.

Сликата од 1917-1918 година на која е претставена гола жена како се одмора на кревет, а под неа има сина перница, за малку ќе предизвикаше скандал кога првпат била претставена на изложба во Париз.

Претходниот рекорд за некое дело на Модиљани изнесуваше 71 милион долари.

Рекордот на најскапо продадена слика на сите времиња е на „Жените од Алжир“ (Верзија О), на Пабло Пикасо, која во мај беше продадена за 179 милиони долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top