-На нашиот народ му е јасно се и нема никаква потреба од дополнителни објаснувања за се она што се случува. Во овогодинешниот извештај според она што го гледаме, констатирано е подобрување во економијата, поле на кое како влада посветуваме најголем фокус и енергија, и што најдобро може да се почувствува и види и без посебен извештај, доколку се погледне бројот на новоотворени работни места, новите фабрики и инвестициите во капиталните инфраструктурни проекти – изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија.
Според него, Владата темелно ќе го проучи и анализира Извештајот на Комисијата.
– Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, и ќе бидат преточени во конкретни дополнителни мерки при ажурирање на Владиниот Акциски план за итните реформски приоритети и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Ефикасната реализација на овие два документи останува да биде приоритетна задача на Владата. Што се однесува до наметнатите грчко – македонски разлики околу името на Република Македонија, ја повторуваме подготвеноста за водење на интензивен дијалог за изнаоѓање на решение во рамките на меѓународната правна рамка дефинирана од Обединетите нации и Меѓународниот суд на правдата. Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Времето покажа дека одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, но важно е да се истакне дека било какви непропорцинални и неконвенционални условувања нема да придонесат во изнаоѓање на решение за било кое важно прашање за нашата земја, додаде премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст