| четврток, 6 декември 2018 |

Почнување на преговорите со ЕУ ќе ги унапредат македонско-грчките односи

Oд исклучителна важност е грчко-македонските односи да се развиваат низ призмата на заемно почитување, соработка, доверба, партнерство и уважување смета премиерот Никола Груевски. Претседателот на Владата вели дека Македонија останува посветена да ги развива договорените мерки за градење на доверба со Грција.

– Што се однесува до наметнатите грчко – македонски разлики околу името на Република Македонија, ја повторуваме подготвеноста за водење на интензивен дијалог за изнаоѓање на решение во рамките на меѓународната правна рамка дефинирана од Обединетите нации и Меѓународниот суд на правдата – истакна премиерот Никола Груевски, по повод препораката од ЕК за влез на земјава во ЕУ.

– Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Времето покажа дека одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, но важно е да се истакне дека било какви непропорцинални и неконвенционални условувања нема да придонесат во изнаоѓање на решение за било кое важно прашање за нашата земја, додаде премиерот.

Според него,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top