| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Очекуваме датум за преговори

Претседателот на Владата Никола Груевски изјави дека Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кој ќе биде заслужена верификација на се она што до сега е направено и што ќе се направи.

Статус-кво ситуацијата во контекст на евроатланските интегративни процеси е лоша за државата и одбегнување или пренасочување на одговорноста од било кого сите ќе ја гледаат како соучесништво во неуспехот, рече премиерот.

– Владата на Република Македонија, темелно ќе го проучи и анализира Извештајот на Комисијата. Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, и ќе бидат преточени во конкретни дополнителни мерки при ажурирање на Владиниот Акциски план за итните реформски приоритети и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top