| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Народот е тој кој последен одлучува

Премиерот Никола Груевски, по повод препораката од Европската комисија за влез во ЕУ, посочи дека  Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кој ќе биде заслужена верификација на се она што до сега е направено и што ќе се направи.

-На нашиот народ му е јасно се и нема никаква потреба од дополнителни објаснувања за се она што се случува. Во овогодинешниот извештај според она што го гледаме, констатирано е подобрување во  економијата, поле на кое како влада посветуваме најголем фокус и енергија, и што најдобро може да се почувствува и види и без посебен извештај, доколку се погледне бројот на новоотворени работни места, новите фабрики и инвестициите во капиталните инфраструктурни проекти. Владата на Република Македонија, темелно ќе го проучи и анализира Извештајот на Комисијата. Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, и ќе бидат преточени во конкретни дополнителни мерки при ажурирање на Владиниот Акциски план за итните реформски приоритети и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Ефикасната реализација на овие два документи останува да биде приоритетна задача на Владата – додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top