Полицијата на австралиските Божиќни Острови морала да употреби солзавец со цел да ги смири немирите во прифатен центар за илегални мигранти, при што се повредени пет лица.
Немирите започнаа вчера, по ненадејната смрт на еден ирански бегалец, чие тело било пронајдено на брегот од островот, кој се наоѓа во Индискиот Океан.
Властите соопштија дека преземале мерки за враќање на ситуацијата под контрола.
Според медиумите, на островот има преку 200 илегални бегалци кои се обиделе незаконски да стигнат со бродови и со чамци до Австралија, но биле пресретнати од австралиските патролни бродови на отворено море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.