На пазарот се достапни многу апликации кои може да им помогнат да го следат циклусот, да го зачинат сексуалниот живот, но и да ги остварат своите секси фантазии, пренесува „Експрес“.
Апликациите кои го следат женскиот циклус и плодните денови, како апликацијата Glow, стануваат се популарни,а во две години постоење Glow им помогнал на 150.000 жени да забременат, тврдат нивните податоци.
Со анализа на добиените податоци Glow изнел уште некои интересни факти кои нудат увид во сексуалниот живот на милиони жени ширум светот, а ова се некои од нив:
Ако сакате повеќе секс преселете се во Канада. Канаѓаните се сексаат 45 отсто повоеќе од просечните кориснички на Glow од другите земји.
Но , Канада е исто така одлично место за забременување. Канаѓанките остануваа бремени за 21 отсто почесно од другите коринички. Австралијците исто така почесто имаат секс, за 37 отсто повеќе од другите, а Австралијките често остануваат бремени од другите жени низ светот, па кај нив се случуваат 14 отсто повеќе бремености.
Американците уживаат во сексто 16 отсто повеќе од другите.
Иако звучи неверојатно, најмалку шанси да ви се посреќи на сексуален план има во Јужна Америка, бидејќи таму водат љубов 4 отсто помалку од било кое друго место на светот.
Женското либидо е поврзано со месечниот циклус на жената, а првите пет дена од месечниот циклус на жените не им е баш до водење љубов. Во тоа време многу жени чувствуваал и недостиг на енергија и лошо се расположени. А една недела по месечниот циклус, на жените исто така не им е до секс. Жените добиваат голема желба за секс по 12 ден од својот месечен циклус.
Припадничките на понежниот пол имаат најголема сексуална желба помеѓу 12 и 14 ден , што Glow го нарекува кулминација на сексуалноста. Најмногу жени се чувствуваат секси и сакаат секс во 13-от и 14-от ден од месечниот циклус, иако тогаш немаат најдобри и најзадоволувачки сексуални односи. Еден ден во месецот кога жените најмногу уживаат во сексот е последниот ден од цилкусот, 30-от ден.
Жените се најсреќни помеѓу 15 и 16 ден од циклусот, откако во неколкуте претходни дена уживале во сексот.
Корисничките на Glow во последните две години забележале 7,6 милиони сексуални односи. Што значи дека во просек во секоја минуа седум корисници на Glow уживаат во сексот.
За жал, наспроти интензивниот секс сите жени не биле задоволни со него. Третина од испитаничките изјавиле дека попрво би се откажале од сексот отколку од мобилниот телефон, пишува „Индипендент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.