Заборавност или безобразлук проценете сами. Кога ќе му позајмите пари, секогаш постои можност да останете без нив, особено ако сте премногу фини за да си го вратите долгот.
Сепак, ЈАРЕЦОТ е тој со кој имате најголеми шанси да останете со куси ракави. Овој знак и така сака да критикува сè околу себе, додека кон себе е мошне благ, бидејќи, се разбира, тој е најдобар.
Многу ги сака парите, а со оглед на тоа дека сите мора да живеат според неговите прописи, се подразбира дека и парите може да се врата кога тој ќе процени дека е време за тоа. Тврдоглави се и подготвени да се бранат себе си дури и кога најмногу грешат, или можеби ќе ве направат луди, само за да го истераат своето.
Значи, ако на својот пријател Јарец му позајмите пари, бидете упорни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.