| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за напаѓачите што пукаа во докторот на скопската Клиника

Полицијата поднесе кривична пријава за двајцата браќа кои вчера утрината пукаа во хирургот што ја оперирал нивната мајка, а која подоцна починала.

Триесет и четиригодишниот Имер Н. заработи кривична поради убиство во обид и недозволено тргување и држење на оружје, додека неговиот брат, Абдул К.Н. (36) за соизвршителство при убиство во обид, напад на службено лице и насилство.

По приведувањето во полициска станица двајцата во целост го појасниле делото. Второпријавениот Абдул и претходно и е познат на полицијата, против него веќе е поднесена кривична пријава за сторени две дела, тешка кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top