| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардер скокна од осмиот кат во центарот на Лондон

miliarder-skochi-ot-osmiq-etaj-v-centyra-na-london-(video)-337294

Трагедија ја потресе англиската престолнина. Се самоуби британскиот милијардер од индиско потекло, Ангад Паул. Инцидентот се случил во центарот на Лондон. Паул скокна од прозорецот на осмиот кат, соопштува „Дејли телеграф“.
Магнатот му ставил крај на својот живот поради финансиски проблеми, поврзани со банкротот на неговата компанија „Caparo Industries“.
Од Скотланд Јард соопштија дека не се разгледува верзија за убиство.
Паул активно се занимавал со кино продукција. Милијардерот продуцирал 12 играни филмови.

Тој е син на членот на Домот на лордовите, 84 годишниот Лорд Паул, кој во 1996 година сите свои бизнис му ги довери на својот наследник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top