Полуголи активистки на „Фемен“ ги нападнаа рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел кои беа во посета на саем во Хановер, Германија. Путин мртов ладен оддолеа на нивните напади, а Меркел излгедаше зачудено.
Девојката се обидела да стигне до Путин, на кој, судејќи по фотографиите, целиот инцидент му бил забавен, но, сепак, била сопрена од обезбедувањето на рускиот претседател. Активистката била во друштво на уште две девојки, кои, исто така, биле голи до појас. Тие извикувале пароли и го нарекувале Путин диктатор.
Девојките се членки на феминистичкото движење „Фемен“, кое низ цела Европа, дури и во верски објекти, организира топлес-протести против секс-индустријата и религиските институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст