Основната критика на работењето на Владата и на Форин Офисот се сведува на тоа дека премиерот Дејвид Камерон со својата политика ја „остава настрана Британија“ од сегашните главни меѓународни ангажмани.
Велика Британија делува како „несигурен аутсајдер“ во конфликтот во Сирија во кој ангажира меѓународната заедница, како „неефикасен и неефективен партнер“ во Украина, без никаква желба да се направи нешто во ЕУ и со сосема нејасна позиција кон бегалците и бегалската криза на континентот.
Овој лондонски весник, кој важи за близок до опозициските лабуристи, оценува дека Велика Британија самата се поставила во „самоапсорбирана и крајно ограничена позиција“, сведувајќи ја својата надворешна политика на постојано „жалење поради својата позиција“ во ЕУ.
„Гардијан“ забележува дека Лондон се соочува со опасноста ништо притоа да не постигне, кога станува збор за негов статус во Унијата, па да остане уште пооосамен и поизолиран.
Весникот и порано предупредуваше дека политиката што ја води Владата на Камерон кон Брисел и ЕУ е погрешна и води кон изолација и маргинализација на Велика Британија во Европа и кон претворање на земјата во држава од втора категорија.
Предупредувањето за кризата во довербата на британската дипломатија, доаѓа во време кога премиерот и Владата ја засилува својата реторика кон ЕУ, пред промовирањето на британските барања во Брисел и расправата за тоа на претстојниот Самит на Унијата во декември.
Камерон еднаш и се заканува на ЕУ дека е сериозен и решен да спроведе реферндум за излегување на Велика Британија од Унијата, доколку не го добие она што го сака, на што притискаат домашните евроскептици, а потоа ќе ги плаши домашните гласачи дека надвор од ЕУ во земјата нема да тече мед и млеко, проценуваат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.