Во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена танцова драма за кинескиот филозоф Конфуциј на ансамблот на Национална опера и театар за танцова драма од Пекинг во рамки на нивната голема турнеја.
Гостувањето е резултат на минатогодишната посета на делегација на менаџери и уметнички директори на најзначајните инсистуции од културата на Македонија, и е меѓу неколку значајни настани кои гостуваа од Кина од каде што годинава на Танц-фест дојде и познатиот танцов ансамбл „Драгон кунг фу“.
Кинескиот амбасадор во Македонија Вен Женшун, директорот на Национална опера и театар за танцова драма Тао Ченг и претседателот на Националниот уметнички фонд на Кина Хан Зијонг денеска имаа средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на која разговараа за досегашната соработка и за активностите во 2016 година.
– Македонија и НР Кина имаат одлични релации во областа на културата. Извршната програма за културна соработка, која ја потпишавме при мојата посета во 2011 година, овозможи во изминатиот период да се реализираат многубројни настани од областа на културата, меѓу кои беа и Деновите на македонската култура во Кина. Во 2013 година, пак, по повод одбележувањето 20 години од воспоставување на дипломатските односи меѓу Македонија и Кина, Младинскиот национален оркестар од Кина одржа два концерта, во Скопје и во Охрид, а Битолскиот театар со претставата „Хенри Шести“ гостуваше во Пекинг, рече Канческа-Милевска, која ја информираше делегацијата и дека неколку македонскикнижевни дела се преведени на кинески јазик во рамки на проектот за превод на шест јазици преку антологиски приказ.
Министерката за култура подвлече и дека соработката со Кина ќе продолжи во иднина за што таа ќе разговара и сосвојот кинески колега, министерот за култура на Кина Луо Шуганг, на Вториот форум за културна соработка меѓу НРКина и државите од Централна и од Источна Европа, кој од петок до недела (12-14 ноември) ќе се одржува во Софија.
Соработката во културата ја поздрави и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Женшун.
– Имаме голем напредок во соработката во културата. За оваа една и пол година, колку што сум амбасадор во Македонија, присуствував на голем број настани и културна размена меѓу нашите држави. Нашиот национален театарза танц и опера ќе го претстави најдоброто ниво на танцовите уметности. Претставата што ќе ја видиме вечер за Конфуциј ќе биде позната тема за Македонија затоа што Институтот Конфуциј во Скопје постои веќе две години – рече Женшун.
Директорот на Национална опера и театар за танцова драма Тао Ченг соопшти дека се работи за нова претстава за античкиот филозоф Конфуциј.
– Вечерашната претстава има прекрасен дизајн на сцената и ги претставува традиционалните вредности на Кина. Се надевам дека ќе ги исполни сите очекувања на македонската јавност – рече Ченг по средбата во Министерството закултура, на која присуствуваа и директорите на МНТ и на „Танц-фест“, Дејан Пројковски и Рисима Рисимкин.
Танцовата драма што гостува во Скопје е проект поддржан од Кинескиот фонд за уметности, кој постои од 2013 година. Буџетот на оваа институција за финансирање проекти од културата оваа година е 110 милиони долари,соопшти претседателот на Фондот, Хан Зијонг.
– Конфуциј е голем културен херој на Кина, кој живеел во 6 век пр.н.е, чијашто идеологија и денес е дел од животот на луѓето во Кина. Танцовата драма за Конфуциј пропатува илјадници километри од Кина за да се поздрави соАлександар Македонски, херојот за кого јас учев во средно училиште – рече Зијонг.
Гостите од Кина посочија дека Кинескиот фонд за уметности е подготвен да инвестира во соработка меѓу Народна Република Кина и Република Македонија и со амбасадорот на Кина во земјава разговарале за соработка во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст