| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна вечер со Лара Миховиловиќ

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги „Традуки,“ во Скопје во текот на ноември престојува поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ, од Словенија.

Во чест на гостинката, на 11 ноември, среда, во 20 часот ќе се одржи книжевна вечер, во кафе книжарницата „Магор“. Лара Миховиловиќ како преведувач од македонски на словенечки јазик, посебно соработува со најмладата генерација македонски поети и книжевници. На книжевната вечер покрај Миховиловиќ ќе настапат и Снежана Стојчевска, Митко Апостолов и Елена Митреска, со свои песни и препеви подготвени од Лара Миховиловиќ на словенечки.

Миховиловиќ е родена 1987 година во Љубљана. Студирала на Катедра за хрватски, српски и македонски јазик, на Филозофски факултет во Љубљана. Во 2009 г. била на шестмесечна студентска размена на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје каде што го изучувала и усовршувала македонскиот јазик и се занимавала со македонската книжевност и култура.

Во 2014 почнува да работи како професорка по македонски јазик во школа за странски јазици, но освен тоа работи и во градинка каде што децата од Македонија ги подучува словенечки јазик. Преведува од хрватски, српски и македонски јазик на словенечки и од словенечки на хрватски јазик. Пишува поезија и кратки раскази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top