| четврток, 6 декември 2018 |

Бунт во австралиски центар за мигранти и азиланти

ми

Во австралискиот центар за мигранти и азиланти, на Божикниот остров, во Индискиот Океан, избувна бунт кој се уште не може да се стави под контрола, соопшти денеска управата на Центарот.

Најагресивните бунтовници подметнуваат пожари низ Центарот и го оштетуваат имотот, но засега нема податоци за повредени меѓу заточените мигранти и меѓу вработените во Центарот.

Бунтот го предизвикале група мигранти од Иран, револтирани од смрта на еден ирански Курд. Во саботата тој побегнал од оградениот простор на Центарот, а вчера чуварите го откриле неговото мртво тело.

Не е позната причината за смрта, но тоа предизвикало револт меѓу мигрантите кои прво почнале со мирен протест, но состојбата излегла од контрола, кога група најагресивни меѓу нив, почнале да подметнуваат пожари и да повикуваат на пресметка со чуварите и вработените во Центарот.

Властите одлучиле да ги повлечат сите чувари кои се вработени во една приватна безбедносна фирма.Ваквото решение се објаснува дека е донесено од „безбедносни причини„.

Божикниот остров се наоѓа 2650 километри, северозападно од Перт, но е одалечен помалку од 360 километри, јужно од индонезискиот остров Јава.

Божикниот острив е под контрола на Австралија и на него е изграден центар за мигранти и азиланти, во кои се чуваат оние кои илегално, со помош на чамци, се обидуваат да дојдат во Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top