| четврток, 6 декември 2018 |

Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски: Ед­но си ве­тив – бит­но ми е да не се пре­га­зам се­бе­си

Не­о­дам­на ста­на пр­ви­от Ма­ке­до­нец што освои важ­на на­гра­да од ка­на­лот „Ем-Ти-Ви“, но Кај­ма­ко­ски оста­ну­ва скро­мен и ре­а­лен за она што му сле­ду­ва. До­де­ка го под­го­тву­ва но­ви­от ал­бум, не­о­дам­на пре­се­лен во Скоп­је, ве­ли го има она што во Ав­стри­ја ни­ко­гаш го не­мал – умет­нич­ка сло­бо­да и мож­ност да го ра­бо­ти тоа што го са­ка.

Со вер­ни­те обо­жа­ва­те­ли зад се­бе, „Сон­ци­ња­та“, кои баш по ова ин­терв­ју вле­таа во сту­ди­о­то на „Ре­пуб­ли­ка“ за да му при­ре­дат ро­ден­ден­ско из­не­на­ду­ва­ње, ма­ке­дон­ски­от пе­јач ве­ту­ва и ве­ру­ва, де­ка нај­до­бро­то од не­го до­пр­ва сле­ду­ва.

Kajmakovski (2)

Пред не­кол­ку де­на ја до­би на­гра­да­та „Ем-Ти-Ви бест акт“ и си пр­ви­от му­зи­чар од Ма­ке­до­ни­ја кој мо­же да се по­фа­ли со тоа. Што зна­чи точ­но таа на­гра­да?

Кај­ма­ко­ски : За оваа на­гра­да пред сè тре­ба да им се заб­ла­го­да­рам на мо­и­те обо­жа­ва­те­ли. Да, се­ка­ко де­ка мно­гу ми зна­чи. Са­ма­та но­ми­на­ци­ја за нас бе­ше по­зи­тив­но из­не­на­ду­ва­ње и да би­де­ме на таа ли­ста со тол­ку го­ле­ми ими­ња бе­ше на­ви­сти­на фан­та­стич­но, бе­ше уба­во чув­ство. Но, са­ма­та по­бе­да ја по­чув­ству­вав­ме ка­ко еден го­лем ус­пех, се ра­ду­ва­ме што ко­неч­но та­ква на­гра­да до­не­сов­ме и во Ма­ке­до­ни­ја, се­ко­гаш е уба­во да би­деш прв во не­што. На­гра­да ка­ко на­гра­да нас ни слу­жи ка­ко мо­ти­ва­ци­ја, ка­ко по­твр­да за тоа што го пра­ви­ме и си­гур­но де­ка са­ка­ме и по­ве­ќе и ра­бо­ти­ме на тоа.

Со оваа на­гра­да авто­мат­ски вле­гу­ваш и во свет­ски­от из­бор на „Ем-Ти-Ви“ во оваа ка­те­го­ри­ја.

Кај­ма­ко­ски: Иа­ко сум го­лем оп­ти­мист, се­пак, сум и ре­а­лист. Сè уште е пре­ра­но да мо­же да се ме­ри­ме со тол­ку го­ле­ми ѕвез­ди, но не го иск­лу­чу­вам тоа еден ден да се слу­чи. Се­пак, до­та­му мо­ра да се ра­бо­ти, но че­ста е уште по­го­ле­ма би­деј­ќи сум но­ми­ни­ран со та­кви лу­ѓе. За­се­га сме пре­за­до­вол­ни и пре­среќ­ни, што и да се слу­чи. Не ве­лам де­ка не­што е не­воз­мож­но, но по­ве­ќе раз­мис­лу­вам за тоа што ми се слу­чи.

Kajmakovski (4)

Дра­го ми е што си скро­мен и ре­а­лен. Кол­ку си са­ми­от за­до­во­лен од она што до­се­га го по­стиг­на по „Икс-фа­ктор“? Да­ли сме­таш де­ка ве­ќе го имаш хи­тот по кој ќе го пре­поз­на­ва­ат Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски, ка­ко што е, на при­мер „Ба­то“ за Ка­ли­о­пи или пак, тре­ба уште за да стиг­неш до не­го?

Кај­ма­ко­ски: Да се има та­ков го­лем хит, пред сè не е лес­но, тоа мо­ра да се ка­же. Мно­гу умет­ни­ци оста­ну­ва­ат и без та­ков евер­грин, но се­пак ус­пеш­ни. Има огром­ни раз­ли­ки. Ме­не ми е бит­но да мо­жам да функ­ци­о­ни­рам ка­ко умет­ник. Да не тре­ба да се пре­пра­вам, да се прис­по­со­бу­вам ка­ко умет­ник, ту­ку да го пра­вам тоа што го са­кам и да би­дам пре­поз­нат­лив и при­фа­тен и по­ра­ди тоа. Ус­пех за ме­не е под­др­шка­та на на­ро­дот, ус­пех за ме­не е што мо­жам да се за­ни­ма­вам со тоа што го са­кам. Не­ли, кој ка­ко и што гле­да ка­ко ус­пех. Знам ка­ков е жи­во­тот, од мно­гу стра­ни го знам и мо­мент­но сум пре­сре­ќен што мо­жам да се кон­цен­три­рам на тоа, иа­ко пос­лед­ни­от пер­и­од бе­ше на­ви­сти­на тур­бу­лен­тен за ме­не. Ед­на го­ди­на се ор­га­ни­зи­рав­ме за „Евро­ви­зи­ја“, тоа ни зе­де до­ста вре­ме, са­кав и да му се по­све­там на тоа, би­деј­ќи сме­тав де­ка во тој пер­и­од не тре­ба на ни­што дру­го да се кон­цен­три­рам, се­пак, тоа бе­ше огром­на од­го­вор­ност. Се­га, со пр­ва­та пес­на „Де­сет ле­та“ го нај­а­вив­ме ал­бу­мот на кој ве­ќе ин­тен­зив­но ра­бо­там. Тоа на­ви­сти­на ме ра­ду­ва, би­деј­ќи мо­же­би ту­ка ќе се по­го­ди не­ко­ја пес­на по ко­ја ќе оста­нам за­пом­нет и пре­поз­нат­лив. Се­пак, мо­ја­та ка­ри­е­ра е сè уште на по­че­ток, иа­ко ве­ќе бев и на „Евро­ви­зи­ја“ и по­бе­див на „Икс-фа­ктор“ и имам од­лич­ни со­ра­бо­тки со Та­ма­ра, со Жељ­ко Јо­кси­мо­виќ, нас­лов­на­та те­ма на „Ќе би­де­ме свет­ски пр­ва­ци“, прет­ста­ву­ва­ње­то во Ка­тар… Си­те тие ра­бо­ти беа од­лич­но искус­тво за ме­не, но се­га до­а­ѓа нај­ин­те­рес­ни­от дел, а тоа е сво­ја­та автор­ска му­зи­ка.

До ка­де си со таа ра­бо­та, со ал­бу­мот и со но­ви­те пес­ни?

Кај­ма­ко­ски: Ги по­ста­вив­ме пес­ни­те, ком­по­зи­ци­и­те,тек­сто­ви­те, си­те тие ра­бо­ти. Со­ра­бо­ту­вам со Але­ксан­дра Ми­лу­ти­но­виќ и со Дар­ко Ди­ми­тров и сум мно­гу сре­ќен што ја имам таа еки­па, би­деј­ќи и двај­ца­та на­ви­сти­на функ­ци­о­ни­ра­ат на мно­гу про­фе­си­о­на­лен на­чин. Се чув­ству­вам мно­гу си­гу­рен во нив­ни ра­це, вре­ме­то во сту­дио по­ми­ну­ва мно­гу кре­а­тив­но и се­ко­гаш за­ми­ну­ва­ме со нас­ме­вка, за­до­вол­ни сме и мо­ти­ви­ра­ни, тоа е нај­важ­но­то. Има мно­гу ин­те­рес­ни пес­ни, са­кам, се раз­би­ра, да ги ис­пе­ам и на ма­ке­дон­ски и на срп­ски, са­кам еден ден и на анг­ли­ски, та­ка би ми би­ле по­ве­ќе вра­ти отво­ре­ни, но ста­нав по­пу­ла­рен на бал­кан­ско ни­во, па са­кам си­те лу­ѓе да ги ис­по­чи­ту­вам и да пе­ам та­му ка­де што имам под­др­шка.

Kajmakovski rodenden (6) (Custom)

Де­ка имаш пуб­ли­ка и свои обо­жа­ва­те­ли е факт, и тоа се гле­да не са­мо по оваа на­гра­да, ко­ја ја до­би бла­го­да­ре­ние на гла­со­ви­те од пуб­ли­ка­та, ту­ку и по тво­и­те „Сон­ци­ња“, ка­ко што се на­ре­ку­ва гру­па­та на тво­и­те нај­вер­ни обо­жа­ва­тел­ки, кои по­сто­ја­но те сле­дат. Што е нај­ин­те­рес­но­то, или мо­же­би нај­чуд­но­то што ти го ка­жа­ле, пи­ша­ле, по­ну­ди­ле? Си­гур­но си до­бил и брач­на по­ну­да, во тоа не се сом­не­вам…

Кај­ма­ко­ски: Oд таа стра­на се слу­чу­ваа на­ви­сти­на ин­те­рес­ни ра­бо­ти (се смее). Има­ше на­ви­сти­на ин­те­рес­ни и прес­ла­тки по­ну­ди. Нај­бит­на­та ра­бо­та е што се­кој ден се со ме­не. Ни­ко­гаш не ме оста­ви­ле сам, ка­де и да одам, се­ко­гаш ја имам нив­на­та под­др­шка, си­гу­рен сум де­ка на­гра­да­та во го­лем дел е нив­на зас­лу­га. Тоа е уба­во чув­ство, тоа е нај­у­ба­во­то што го пра­ват за ме­не. Има се­ка­кви по­ну­ди, дој­ди на ро­ден­ден, дој­ди на сла­ва… И на­ви­сти­на би са­кал да при­сус­тву­вам на си­те тие по­ка­ни, но то­гаш би тре­ба­ло 365 де­на во го­ди­на­та да го пра­вам са­мо тоа, а мис­лам де­ка оче­ку­ва­ат не­што мно­гу по­го­ле­мо од ме­не.

Па­ри­те што ти беа на­ме­не­ти за про­мо­ци­ја на „Евро­ви­зи­ја“ ги иско­ри­сти за да до­ни­раш во Дет­ска­та кли­ни­ка во Скоп­је. Ре­тко кој на по­че­то­кот на сво­ја­та ка­ри­е­ра би го на­пра­вил тоа. Кол­ку е важ­но да ја имаш таа по­пу­лар­ност, да ја иско­ри­стиш на тој на­чин? Кол­ку е важ­но ка­ко јав­на лич­ност да имаш став за одре­де­ни ра­бо­ти?

Кај­ма­ко­ски: Мно­гу е бит­но. Мно­гу лу­ѓе нè сле­дат, за не­кои де­чи­ња сме идо­ли и на­ви­сти­на сле­дат што ка­жу­ва­ме и што пра­ви­ме. Во таа смис­ла е мно­гу бит­но да пре­зе­ме­ме од­го­вор­ност, си­те ние ка­ко из­ве­ду­ва­чи и јав­ни лич­но­сти. Ед­но си ве­тив се­бе­си, би­ло до ка­де и да стиг­нам, или ќе пад­нам или ќе се кре­нам, бит­но е да не се пре­га­зам се­бе­си. Бит­но ми е да имам мо­рал зад сè што пра­вам. Тие па­ри за тро­ше­ње на про­мо­ти­вен ма­те­ри­јал не ми изг­ле­да­ат мно­гу про­ду­ктив­ни, не гле­дав не­ко­ја смис­ла во тоа, би­деј­ќи знам де­ка та­кви ма­те­ри­ја­ли по­ми­ну­ва­ат она­ка, во­оп­што, на мно­гу ма­ни­фе­ста­ции, се тро­шат без по­тре­ба. Што бе­ше мо­ја­та по­ра­ка? Ед­но­став­но, са­кав да ка­жам де­ка по­не­ко­гаш тро­ши­ме па­ри на по­греш­но ме­сто. Мо­же­би мо­же­ме да на­пра­ви­ме не­што мно­гу по­го­ле­мо. Та­ка се ро­ди иде­ја­та ед­но­став­но да по­мог­не­ме не­ка­де. Би­деј­ќи при­стиг­ну­ваа мно­гу по­ра­ки на мо­ја­та фан-стра­ни­ца за под­др­шка на бол­ни де­ца, за опе­ра­ции, нор­мал­но не мо­жам на си­те да им по­мог­нам, но мо­жам да ја раз­бу­дам све­ста кај лу­ѓе што мо­жат, да би­дам при­мер, тоа бе­ше цел­та. На крај, се од­лу­чив­ме да им по­мог­не­ме на тие што зас­лу­жу­ва­ат ба­рем ед­на шан­са, тоа се на­ши­те нај­ма­ли, за­тоа до­ни­рав­ме не па­ри, ту­ку апа­рат, кој бе­ше мно­гу по­тре­бен во Дет­ска­та кли­ни­ка и сме мно­гу гор­ди на тоа. За­тоа го спом­нав тој мо­рал. Одам на „Евро­ви­зи­ја“, Гос­под ме бла­гос­ло­вил, ми дал та­лент, глас, ус­пех, сре­ќа, под­др­шка од на­род, во се­кој мо­мент мо­рам да сум под­го­твен да вра­там не­што од тоа. Да­ли на по­че­ток или от­пос­ле, не игра го­ле­ма уло­га. Ми бе­ше бит­но се­га да го на­пра­вам, би­деј­ќи мо­ја­та свест за за­ми­ну­ва­ње на „Евро­ви­зи­ја“ бе­ше од­на­пред чи­ста, зна­ев де­ка ве­ќе не­што до­бро на­пра­вив, што и да се слу­чи не­ма да се ка­ам. Да имав пен­кал­ца, ма­ич­ки и те­тра­тки со Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски, мно­гу ќе се ка­ев.

Kajmakovski (3)

Да­ли ги гле­даш но­ви­те му­зич­ки шо­уа и да­ли сме­таш де­ка ги има на­ви­сти­на прем­но­гу и де­ка мо­же­би за Бал­ка­нот или за Ма­ке­до­ни­ја е до­вол­но ед­но, ама вред­но ка­ко тво­е­то?

Кај­ма­ко­ски: Мо­мент­но се пре­се­лив офи­ци­јал­но во Скоп­је и ко­га сум до­ма и гле­дам те­ле­ви­зи­ја се чув­ству­вам поп­ла­вен (се смее) од еми­сии, од се­рии, од „Го­ле­ми­от брат“ и на­ви­сти­на не знам што по­бр­зо да гле­дам. Искре­но, мо­жам да ка­жам де­ка ние не до­би­ва­ме мно­гу че­сто шан­са да се прет­ста­ви­ме пред тол­ку го­ле­ма пуб­ли­ка. Тоа е бит­на от­скоч­на шти­ца за си­те мла­ди та­лен­ти. Знам де­ка си­те што учес­тву­ва­ат на та­кви еми­сии, тоа го пра­ват со пол­но ср­це и со го­ле­ма на­деж. Тие се тие што се чи­ста и уба­ва на­ме­ра на та­кви еми­сии. Тие се тие лу­ѓе за кои вре­ди да се гле­да та­ква еми­си­ја. Со ре­зул­та­ти­те на тие еми­сии че­сто не сум за­до­во­лен, ама ете, ка­ко што ре­ков, ре­тко до­би­ва­ме та­ква при­го­да да се по­ка­же­ме на бал­кан­ска­та пуб­ли­ка и мис­лам де­ка е пре­у­ба­во искус­тво за се­кој. По­ра­ка на мла­ди­те – да ги сле­дат сво­и­те сни­шта и да се нат­пре­ва­ру­ва­ат, да не се пла­шат.

Што мис­лиш за мо­мент­на­та со­стој­ба на ма­ке­дон­ска­та естра­да?

Кај­ма­ко­ски: Ма­ке­до­ни­ја ка­ко на­ци­ја се­ко­гаш би­ла мно­гу му­зи­кал­на и тоа е та­ка до ден-де­нес. Во спо­ред­ба со дру­ги зем­ји има­ме на­ви­сти­на бо­га­та и уба­ва естра­да. Пол­на со та­лент и пре­крас­ни и раз­лич­ни умет­ни­ци, од на­род­но, до хип-хоп, до рап, до поп-му­зи­ка, до рок… Зна­чи, на­ви­сти­на е бо­га­то, што е мно­гу по­зи­тив­но. На при­мер, во Ав­стри­ја тоа во­оп­што не е та­ка. Са­ма­та естра­да не е го­ле­ма, не­ма­ат не­ко­ја сво­ја ѕвез­да, по­ве­ќе се слу­ша тоа што до­а­ѓа од странс­тво, од САД, од Гер­ма­ни­ја, од Анг­ли­ја… Иа­ко мно­гу лу­ѓе мис­лат де­ка ете, не­ма ни­што на ма­ке­дон­ска­та естра­да и слу­ша­ме сè што до­а­ѓа од Ср­би­ја, мо­же­би до­не­ка­де е тоа та­ка, ама тре­ба да раз­мис­лу­ва­ме и од друг ас­пект, тре­ба да им да­де­ме по­чит на тие лу­ѓе кои се тру­дат да по­сто­јат на ма­ке­дон­ска­та естра­да. Бал­кан­ска­та му­зи­ка е не­што што е це­не­то низ це­ли­от свет, тоа мо­ра да го це­ни­ме, има­ме бо­га­та и сво­ја му­зи­ка, пре­у­бав на­род кој знае да се ве­се­ли, ре­тко е тоа во овој свет. Сме­там де­ка на­ви­сти­на има­ме од­лич­ни умет­ни­ци на це­ли­от Бал­кан.

Kajmakovski rodenden (4) (Custom)

Кол­ку пра­тиш по­ли­ти­ка?

Кај­ма­ко­ски: Мис­лам де­ка млад или стар, се­кој чо­век тре­ба да би­де ин­фор­ми­ран. Ме­не ми е мно­гу те­шко на ка­ков би­ло на­чин да се изра­зам за по­ли­тич­ки си­ту­а­ции, би­деј­ќи јас ду­ри се­га се вра­тив. Мно­гу че­сто, и ка­ко де­те и пред не­кол­ку го­ди­ни, сум слу­шал ко­мен­та­ри де­мек, вие жи­ве­те во странс­тво, де­мек, дој­де­те ту­ка па жи­веј­те за да мо­же­те да ко­мен­ти­ра­те. Ете, се­га дој­дов ту­ка и пр­во мо­рам да на­вик­нам да жи­ве­ам ка­ко Ма­ке­до­нец во Ма­ке­до­ни­ја и да си зе­мам за пра­во да ко­мен­ти­рам. Мис­лам де­ка тоа им при­па­ѓа на лу­ѓе­то што се ту­ка, што не за­ми­на­ле од др­жа­ва­та, и кои се бо­ре­ле цел жи­вот да оп­ста­нат ту­ка.

Би­деј­ќи до­а­ѓа­ат из­бо­ри, а це­ла естра­да ќе на­ста­пу­ва на ед­на или на дру­га стра­на, би при­фа­тил ли да пе­еш на по­ли­тич­ка кам­па­ња?

Кај­ма­ко­ски: Ре­ал­но, јас по­рас­нав во друг свет, ка­де умет­нич­ка­та сло­бо­да е го­лем збор. Ед­но е да има став, а дру­го е да на­ста­пу­ваш на та­кви ма­ни­фе­ста­ции. Мо­мент­но мо­јот став е де­ка не­мам не­кој го­лем ин­те­рес за под­др­жу­ва­ње на ко­ја би­ло стра­на, би­деј­ќи ме­не Ма­ке­до­ни­ја ме гла­са­ше за­ед­но. Ту­ка Ма­ке­до­ни­ја не бе­ше по­де­ле­на. На­ро­дот што гла­са­ше за ме­не, што ме кре­на, што сè уште ме под­др­жу­ва, бил еден на­род, не би­ле по­де­ле­ни две стра­ни и та­ка се­ко­гаш ќе ми би­де те­шко да го де­лам на­ро­дот. За ме­не е пре­ра­но, но се­пак, сме­там де­ка умет­ни­ци­те тре­ба да ја има­ат  таа сло­бо­да да оста­нат умет­ни­ци, би­деј­ќи од по­ли­ти­ка не се раз­би­ра­ме баш мно­гу.

Интервјуто со Даниел Кајмакоски може да го погледнете на „Република.тв“.

Пишува: Марина Костовска
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 165. број на неделникот „Република“, 30.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top