| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Русија и Кина се закана за светот

0,,18113052_303,00

Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, тврди дека Русија и Кина се потенцијална опасност за светскиот поредок. Шефот на Пентагон ги истакна руските акции во Украина и неофицијални изјави за нуклеарно оружје, како пример зошто Русија претставува закана.

Тој рече дека САД имаат намера да се спротивстават на оваа закана со помош на политички, воени и економски средства.
Во говор на форум во претседателската библиотека на Роналд Реган во Калифорнија, Ештон Картер исто така изрази загриженост од проширувањето на кинеското влијание и од зголемената кинеска воена моќ, забележуваат агенциите.
Велика Британија исто така ќе признае дека Русија е закана од повисоко ниво во новата стратегија за национална безбедност, која премиерот ќе ја претстави на 23-ти ноември, објави „Тајмс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top