| четврток, 6 декември 2018 |

Во кои земји се пие најмногу алкохол

golema_64556stop-drinking-alcohol

Во некои земји се пие многу алкохол, во други не толку. Во својот последен извештај, ОЕЦД објави податоци за земјите со најголема потрошувачка на алкохол по жител.
Ако се обложувате дека број еден е Русија, сигурно ќе згрешите. Челното место ѝ припаѓа на Литванија, каде годишната потрошувачка на алкохол е 14 литри по човек. По неа следуваат Австрија, Естонија и Чешка, со околу 11-12 литри на човек.
Во Индонезија не знаат што е алкохол
People drinking schnaps in a bar

Најмалку алкохол пијат луѓето во Индонезија, каде што податоците покажуваат речиси 0 литри на човек. По нив следуваат граѓаните на Турција, Индија и Израел, каде потрошувачката е помеѓу 1 и 3 литри на човек. Причините за тоа се од религиозен и културен карактер.
Младите и жените пијат најмногу
alkohol001-650x474

Потрошувачката на алкохол кај младите луѓе и кај жените опасно се зголемува, покажуваат податоците на ОЕЦД. Освен тоа, мажите со низок социјален и економски статус, пијат повеќе алкохол од оние со висок, додека кај жените трендот е обратен.
Едни пијат, други гледаат
Binge drinking.

Загрижувачки е и фактот дека се забележува силна концентрација на потрошувачката на алкохол, со тоа што поголемиот дел од количините се пие од 20 отсто од населението.
Така на пример, 20 отсто од најголемите консументи во Унгарија пијат околу 90 отсто од вкупната количина алкохол што се пие во земјата годишно, а во Франција – 50 отсто.

znea-pie1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top