| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин се подготвува доколку на Балканот ги затворат границите

герман

Германската Влада во врска со растечкиот број на бегалците се подготвува и за сценариото балканските земји да ги затворат своите граници, објави „Велт“.

Овој весник како извор на информациите навел еден доверлив документ на Заедничкиот аналитички и стратегиски центар за илегални преселби (Гасим), пренесува „Танјуг“.

Гасим се наоѓа во Постдам и во неговата работа учествува и Сојузната разузнавачка служба, Службата за заштита на Уставот, Сојузната полиција, Сојузното Министерство за надворешни работи, Сојузната служба за бегалци и преселби и други.

Доколку Европската унија не интервенира би можело „една слепа улица на балканската маршрута да предизвика паника и хаос кај емигрантите и институциите, пренесува „Велт“.

Весникот нагласува дека безбедносните служби ги предупредуваат бегалците што е можно побрзо да преминуваат преку Балканот кон Централна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top