| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Следните 48 часа се пресудни за киднапираните Срби во Либија

vucic

Премиерот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека разговарал со либиските власти за киднапираните службеници од српската амбасада во Либија и дека во следните 48 часа очекува позитивен расплет на настаните.

Вчера, во напад на колона возила беа киднапирани двајца вработени во амбасадата при што беше ранет либиски државјанин, кој бил дел од обезбедувањето. Информацијата ја потврди српскиот амбасадор во Триполи кој исто така се наоѓал во колоната возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top