Двајца монаси од монашакото братство на Бигорскиот манастир откриле човечки коски во близина на селото Ростуше во месноста „Кај поповите“ и случајот го пријавиле во полиција. Првичните информации наведуваат дека останките се на тројца монаси кои биле погубени на почетокот од минатиот век, јави МИА.
Од СВР Тетово информираат дека случајот во петокот попладне го пријавил игуменот на манастирот, по што увидна екипа била испратена на местото, каде што биле најдени коските. Од местото биле подигнати речиси сто коски и други материјали, кои подоцна се предадени на вештачење во Институтот за судска медицина во Скопје.
– По анализите ќе се знае повеќе од кое време потекнуваат и како коските се нашле на тоа место. Се проверува и дали се точни наводите дека станува збор за останки на лица кои биле погубени, во сé уште нејасни околности, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Бигорските монаси за несекојдневното откритие биле поттикнати од наводите на извесен Зенел А. (92) од селото Ростуше. Тој во еден разговор им кажал дека во 1918 година во карпестиот предел во близина на селото биле стрелани тројца монаси кои служеле во мијачкото село Галичник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре