Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.И. поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело тешка телесна повреда при вршење семејно насилство.
Од страна на судија на М.И. му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.
Тој на 4-ти ноември во семејниот дом во алкохолизирана состојба, кога сопругата го прашала каде бил, тој физички ја нападнал сопругата, при што удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и давејќи ја со рацете околу вратот и нанел тешки телесни повреди. М.И и се заканил дека ќе ја убие ако настанот го пријави во полиција.
Следниот ден повредената побарала помош на Клиниката за уво, нос и грло каде и е извршен оперативен зафат.
На 5 ноември М.И. е приведен од полицијата и извршен е разговор за околностите под кои е извршено кривичното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре