| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр во Србија: Си го убил синот, 11 соседи и едно бебе, па пукал во сопругата и на крај во себе

Вистински масакр се случил утрово во местото Велика Иванча кај Младеновац откако разбеснет шеесетгодишен човек убил шест мажи, шест жени и едно бебе, објави „Блиц“.

Убиецот прво во домот го застрелал својот син со куршум во главата, а потоа се упатил во куќите на соседите, каде што направил вистински масакр. Според неофицијални информации, на крајот се обидел да ја убие и сопругата и себеси. Двајцата се тешкоповредени и се борат за живот.

Полицијата го блокирала целото место и приодите до куќите на жртвите. Соседите тврдат дека злосторството се случило утрово во 5 часот.

– Така дознавме за масакрот. Тој беше мирен човек. Не знаеме што го натера да предизвика ваква трагедија. Слушнавме дека си го убил синот со куршум во главата – раскажуваат шокираните соседи.

Засега не се познати мотивите за ужасното злосторство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top