| четврток, 6 декември 2018 |

Верата и парите – пеење колач 200 денари

crkva

Денеска православните верници го слават Митровден – куќна слава на многу фааамилии, именден на многумина верници Митра, Митре, Димитар, Димитрије…

Вербата кон Бога, вербата кон верата, кон религијата, кон православието ги однесе луѓето во црква. Но за некому таа верба станува луксуз. По традиција, денеска оние кои имаат куќна слава Митровден носат колач во црква, вино, палат свеќи… Некој можеби, како што велат верниците, таксал нешто – зејтин, чорапи…

Само за пеењето на колачот верниците треба да платат 200 денари… Цената е поставена на маса во црква пред која има поставено кутија каде верниците треба да ги остават парите кои црквата ги бара од нив… НЕ кој колку пстави, онолку колку што црквата ќе каже…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top