| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец со автомобил влетал во Црн Дрим и се удавил

crndrim1a
Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што се случила вчера околу 17 часот, на кејот „8 ноември“ во Струга, во близина на реката Црн Дрим, соопштуваат од СВР Охрид.

Според полицијата на местото на настанот починал 48-годишниот Невзат М.. Тој додека бил во својот автомобил „Даеву Нексија“, започнал да го придвижува возилото наназад, пришто тоа излетало и паднало во водите на Црн Дрим.

Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено по течението. Подоцна возилото било извадено од екипи од противпожарната единица и специјално возило на влечна служба. Смртта била констатирана од доктор на брзата помош од Струга.

На местото на настанот увид изврши надлежен јавен обвинител, како и полициски екипи од полициската станица во Струга. По наредба на јавниот обвинител, денеска врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, како и вонреден технички преглед врз патничкото моторно возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top