| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен осуден терорист меѓу спасените бегалци во Италија

Refugees on the German-Austrian border
Италијанската полиција уапсила државјанин на Тунис, за кого се сомнева дека е опасен припадник на исламистичка терористичка група. Уапсениот бил меѓу имигрантите кои во октомври биле спасени на море. По ова тој веднаш бил вратен во татковината.

Весникот La Repubblica пишува дека станува збор за 38-годишниот Бар Наср Мехди, кој бил спасен од водите на Средоземното Море на 4 октомври во акцијата на италијанските поморски сили. Тогаш беа спасени уште околу двесте лица, кои беа пренесени на италијанскиот остров Лампедуза.

По земањето отпечатоци, властите откриле дека се работи за лице кое лажно се претставува како Мохамед Бен Сар. Уапсениот и во 2008 година бил уапсен во Италија, когаа бил осуден на седум години затвор поради тероризам. Истиот бил протеран со големи безбедносни мерки со забрана за враќање во земјата по отслужување на затворската казна.

„Случајот ги потврдува стравувања дека терористите влегуваат во Европа во чамците заедно со очајниците кои доаѓаат од северноафриканскиот брег“, истакнува La Repubblica.

Во полициското соопштение објавено на 8 октомври стои дека Мехди бил уапсен заедно со уште тројца Тунижани на коишто им била одредена мерка прогони забрана за враќање во Италија, но не споменат ниеден податок за нивна евентуална поврзаност со тероризмот.

Името на Мехди Бен Наср бил на врвот од листата на најопасни терористи на италијанското разузнавање, како стручњак за експлозиви и организатор на регрутирањето на џихадисти и нивно испраќање во Сирија, Ирак и Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top